дома информација вест Брејвик – најозлогласениот затвореник од Норвешка се жали на условите во затворот...

Брејвик – најозлогласениот затвореник од Норвешка се жали на условите во затворот и бара условно ослободување

934
0

Брејвик, кој е најозлогласен затвореник во Норвешка, се наоѓа во затвор откако во 2011 година уби 77 луѓе на островот Утоја и во центарот на Осло.

Во 2012 година судот го осуди на 21 година затвор, а казната може да биде и продолжена на неодреден период во зависност од неговото однесување во текот на издржување на затворската казна.

Адвокатот на Брејвик најавил поднесување на барање за условно ослободување.

Брејвик исто така поднел жалба поради начинот на кој ја извршувал затворската казна и условите во кои престојувал, особено „тешко“ му паѓал престојот одделен од другите затвореници со што автоматски се попречува неговата можност за ресоцијализација и давање на шанса за продолжување на животот по завршување на рокот на затворската казна.

Извор: Нова Македонија