Полициската станица Центар го расчисти случајот со лажното јавување во Итна медицинска помош, кој беше сниман и објавен на апликацијата Тик Ток на 13.09.2020, а беше споделен и на други социјални мрежи и против Х.К.(25) од с.Јурумлери, скопско, ќе поднесе соодветна пријава.

Станува збор за низа видеа кои Х.К. ги снимал и емитувал на социјалната мрежа „Тик Ток“ а на кои се забележува дека контактира со служби како „Пожарна“ и „Брза медицинска помош“ упатувајќи лажни пријави.

Откако овој настан наиде на многу реакции на осуда, МВР го презеде случајот.

Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека лицето е идентификувано и против него МВР ќе поднесе соодветна пријава за гонење.