На моја голема жалост, вчера ја примив вестта дека мојот колега од редакцијата „Мој збор“, Ристе, имал смртен случај во семејството, имено дека неговиот татко г. Пауновски (61) преминал во тетовската болница како последица на коронавирусот.

Бев погодена од трагичното случување, прво зошто тешко поднесувам смрт на други луѓе, а второ затоа што длабоко сочувствував со болката на мојот драг колега и пред се пријател Ристе.

Дури му изразував сочувство дознав дека и тој, како млад човек заразувајќи се со опасниот вирус, тешко се справува со честите влошувања и се наоѓа на кислородна поддршка во тетовската болница, сместен соба до онаа во која татко му ја направил последната издишка.

Таа вест дополнително ме загрижи, бидејќи се работи за млад човек со совршена здравствена слика, кој ете, тешко го поднесува вирусот, дури до степен да заврши на болничко лекување и на кислородна поддршка.

Во истиот момент кога ги дознавав детаљите за здравствената состојба на мојот колега и пријател, работев вест за тоа дека вакцинацијата е безбедна и дека не постои НИТУ ЕДЕН смртен случај во Македонија со две дози примена вакцина. Изворот секако беше официјалната страна на Министерството за здравство.

По објавената вест, мојот колега, кој е моментално во болница, ме информира дека веста е сосема погрешна и дека токму неговиот татко кој вчера почина во тетовската болница имал примено две дози на вакцини, како и неговата мајка која имала примено исто две дози на вакцини, а се разболела и моментално е во тешка здравствена состојба.

Малку по тоа, читам известување дека медицинските тимови ќе доаѓаат дома и ќе вакцинираат луѓе (се претпоставува се уште на доброволна база), а се сеќавам на случајот кој не беше толку одамна кога дедо ми доживувал срцев удар и кога медицинска екипа на Брза помош одбила да дојде бидејќи бил стар и имал цели 79 години.

Кој е логиката, некои луѓе кои доживуваат срцев удар и на кои им е неоходна реанимација да не им се пружи помош под бизарен и нечовечки изговор дека СЕ СТАРИ па ќе ги пуштиме низ вода, а денеска да се покажува душегрижништво за старите кои не можат да се движат и да стигнат до пункт за вакцинација, па да им се обезбедува вакцинација КОЈА Е ИМЕНО ПРЕВЕНТИВА, а не итна интервенција.

Оддеднаш има медицински возила, горива, медицински персонал, оддеднаш здравството функционира соврешно, оддеднаш старите лица се во фокусот на интересот, се откако се случи КОВИД.

Во ред, еве да си прашам, иако знам дека тука никогаш нема да добијам одговор и не треба, ама мое е да прашам, зошто луѓето кои не се вакцинираат се злосторници, некои се обивнуваат во светот и за загрозување на јавно здравје што е кривично дело, се казнуваат и понесуваме одговорност дури и за неносење на маска која е ужасно тешка и гуши, а НИКОЈ никогаш не поднел одговорност за НЕЕФИКАСНОСТА НА ВАКЦИНИТЕ барем во случајот со сега покојниот г. Пауновски или нема никој да понесе одговорност за ефикасност на вакцини која ние не ја знаеме, а може да биде каква било!

*Податоците за смртниот случај во Тетово што ги изнесов во текстот, се изнесени во согласност со мојот колега Ристе, инаку син на починатиот г.Пауновски и имаат за намера да информираат за малку поинаква квалитативна слика, која немаме баш прилика да ја создадеме при сиот тој силен ПР на Министерство за здравство, графикони и табели со бројки што не значат НИШТО и апели за вакцинација кои се веќе со месеци тема број 1 на светско ниво!

ИЗВОРМој збор
претходниот член,Зошто на зло не треба да се врати со поголемо зло
Следната статијаПостои можност да сте исцрпени од топлина, еве кои се симптомите:

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде