Во најновото издание на емисијата „Мој збор“, гостин беше Горан Поповски, долгогодишен истражувач и практичар на источната филозофија, кој говореше за патот кон внатрешниот мир, мудрото живеење и значењето на свесното дишење во секојдневниот живот.
Низ разговорот беа отворени теми поврзани со медитацијата, техниките за контрола на здивот, љубовта кон себе, справувањето со стресот и потрагата по духовна рамнотежа.
Поповски ги доближи основните принципи на индиските „Веди“ и други древни списи, објаснувајќи како нивните учења можат да му помогнат на современиот човек да достигне состојба на поголема свесност, спокојство и хармонија со себе и со светот околу него.


















