Злото бара душа која ќе ја запоседне и тоа има тенденција да се шири.

За жал злото не е апстрактна сила, туку се манифестира во постапките на конретни луѓе, понекогаш тие луѓе ни се нам многу блиски.

Но ако на злото одговорите со поголемо зло, тогаш давате простор од вашата душа, злото таму да се насади и да расте се повеќе и повеќе.

А злото има тенденција да се размножува многу побрзо од доброто. Вирусот е дотолку поопасен, доколку може побрзо да се размножува.

Така е и со злото.

Ви предлагаме неколку техники како да останете имуни на злото од другите луѓе:

  • Игнорирајте

Ако некој се обидува да ви нанесе зло, само игнорирајте го неговиот обид.

Кога злото нема да допре до вас, тоа останува кај оној што се обидел да ви нанесе зло, а со тек на време тоа го јаде само неговиот сопственик, а вам не ви може апсолутно ништо!

  • Фокусирајте се на вашите успеси

Потудете се да се фокусирате на вашите цели, а не на туѓите обиди да ги обезвреднат вашите успеси.

Едноставно гледајте ги како мотивација да успеете секогаш, бидејќи тие најмногу би сакале вие тоа да не го направите!

  • Не водете војна со нив

Не влегувајте во расправи и не водете војна со зли луѓе, едноставно повлечете се, зачувајте си го мирот и посветете го времето на луѓе кои ви посакуваат добро!