Во новата епизода на емисијата „Мој збор“, тема на разговор ќе биде функцијата на филозофијата во образованието и нејзината улога во современото општество.

Авторката и водителка Магдалена Стојмановиќ-Константинов разговара со професорот по филозофија Ристо Чулев за значењето на филозофијата во развојот на критичкото мислење, образовниот систем и односот на младите кон хуманистичките науки.

Во емисијата ќе стане збор и за тоа дали филозофијата денес е потисната од практичните и техничките дисциплини, како и колку образованието остава простор за развој на аналитичко размислување, етика и јавна дебата.