Скептицизмот е стојалиште во епистемологија (теорија на познание) чие основно тврдење е дека е еднаква веројатноста нештата да се спознаат и да не се спознаат. Главно скептицизмот се карактеризира со тврдењето „можеби“. 

Буквалниот превод на зборот скептицизам е сомневање. 

Во пракса, сепак се диференцираат повеќе типови на скептици, или луѓе кои веруваат дека нештата се можеби такви какви што се прикажуваат, а можеби и поинакви.

Фолклорна типологија на скептик:

  1. Се сомнева, ама не проверува 

Првиот тип на скептик доследно ги применува принципите на скептицизмот и се сомнева во се без да има желба да провери.

Иако во некои ситуации скептицистот има достапни начини да провери дали едно тврдење е вистинито или не, тој нема да отиде понатаму во степен на проверка.

За овој тип обично велиме не си верува ни на своите очи, па така дури и да му изложите докази и потврда за вашето тврдење, тој нема да го прифати тврдењето.

Карактерно овие луѓе можат исто да се наречат тврдоглави или инаетчии.

2. Песимистичен скептик 

Овој тип на скептик се разликува од нихилистот, по тоа што тој остава простор дека вистината да се провери и докаже, но сепак кај него повеќе натежнува убедувањето дека тоа нема да се случи.

Обично таквите скептици ги нарекуваме теоретичари на заговор и тие изложуваат аргументи со кои ги оповргнуваат едните тврдења, но никогаш не оформуваат ново тврдење ниту по контадикторност од логички квадрат. Во смисла дека ако едното тврдење не важи, во тој случај сигурно важи спротивното.

Песимистичните скептици немаат тврдење, ама знаат дека она што вие го тврдите не е вистинито, иако не знаат кое е тоа тврдење кое за разлика од вашето е вистинито.

3. Скептик кој не го интересираат тврдења и докази

Овој тип е буквално најкул тип на скептик. Тоа е оној човек во друштво кој не се замара да докажува дали едно тврдење е вистинито или другото, но не се замара ни да оповргнува нечии теории.

Едноставно нему му е се едно дали нешто ќе се докаже како вистинито или лажно. Во главно овие типови се најлабави и никогаш не зазимаат голем простор од разговорот.