По два саати и фазла дневно шминкање до непрепознатливост, за потоа на крајот на денот да ја тргнеш шминката и пак да бидеш таа/тој што не се сака и прифаќа себеси или да се изобличиш со филери и операции до изглед на мачка, е ништо друго освен дијагноза.

За ова треба да се говори јавно, многу почесто, за да биде што подостапно до младите, кои се најчеста жртва на новите трендови, појавени на основ на разнишана и неизградена самодоверба.

Лекари кои прават операции, без претходна психолошка проверка на личноста би требало да ја изгубат лиценцата.
Од легнување под нож направивме туризам, а од филери и филтери на телефони – зависност.

Ние сме лудаци!

Тие два саати на ден, ако се читаат и само фрагменти од некоја книга, многу полесно ќе се надмине стравот од неприфаќање и ќе се изгради трајна самодоверба на реална основа (знаење и памет).

Ужаси на капитализмот!

ИЗВОРФејсбук објава
претходниот член,Франц Јегерштертер: Човекот кој ја избра смртта наместо Хитлер
Следната статијаЕдна од најголемите заблуди за Исламот е дека по Куранот жените се принудени да носат бурка!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде