Честопати одговорноста за нашите негативни состојби им ја припишуваме на другите, околностите, времето, но понекогаш треба да ги бараме причините за стрес, анксиозност и исцрпеност во себе.

Постојат одредени навики кои можат да бидат предизвикувачи за стрес и исцрпеност – еве шест од кои треба да се ослободите:

1. Важно vs. итнo – Некои работи се итни, а некои се важни. Сфаќајќи ја секоја задача како итна, брзо ќе почнете да доживувате стрес. Поставете ги вашите приоритети, односно она што е важно и не обидувајте се да правите сè одеднаш.

2. Се обидувате да правите сè сами – Можеби сте тип на личност што мисли дека барањето помош е знак на слабост. Мора да бидете во можност да им верувате на другите луѓе и да не одбивате помош доколку ви биде понудена.

3. Избегнувате тешки разговори – Стравот од влошување на работите само ве тера да се затворите и да одржувате став што не ви се допаѓа. Иако од овие разговори може да произлезат емоции и непријатност, кажувањето на она што треба да се каже речиси секогаш резултира со одредено олеснување.

4. Акутна реакција на критики – Поточно, преземање на критиката премногу лично. Понекогаш можеби не ве критикуваат вас, туку дел од вашата работа, но вие често земате сè „при срце“ и критиката можете да ја сфатите како предизвик или навреда.

Обидете се да научите од нив и да размислите за сопствените постапки и едноставно отфрлете ги критиките кои се неосновани.

5. Се споредувате со другите луѓе – Ова се должи на постојаното споредување со другите. Почнувате да ги игнорирате сопствените лични достигнувања и се обидувате да постигнете резултати како „некој“.

6. Чувствувате дека секој избор што го правите е погрешен – Не сте сигурни за вашите одлуки и избори. Вината продолжува да ве прогонува, што доведува до стрес. Фокусирајте се прво на себе и водете се од вашите принципи кога донесувате одлуки.

ИЗВОРНовости
претходниот член,Познатата американска музичарка со македонско потекло објави нов сингл
Следната статијаСветот на наивата во делата на Љуба Поповиќ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде