Ели Николас е позната американска музичарка со македонско потекло која успешно се занимава со алтернативна музика веќе неколку години.

Американската, но и светската публика ја препознава по голем број хитови, а малкумина знаат дека Николас има токму македонско потекло.

Неодамна таа ја посети Македонија и во интервјуто за Мој збор говореше за тоа како го доживува македонскиот народ, што и се допаднало најмногу во Македонија, како и за тоа дали на македонската публика ќе и се претстави со сингл испеан на македонски јазик.

Новата песна која Ели Николас ја промовираше носи наслов „I know you too well“ (Те познавам предобро), а по самото нејзино објавување наиде на голем број позитивни реакции од публиката.