Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во јавноста продолжува да пренесува изјави кои се разликуваат од изјавите на премиерот Заев, министерот за надворешни работи Османи и специјалниот претставик на владата во бугарско-македонските преговори Бучковски.

Во најновото интервју за ЕУ обсервер тој нагласи дека „Основата на нашиот идентитет е нашиот јазик, потоа историјата, нашата заедничка историја со нашите сонародници“.

Пендаровски исто така додава и дека за јазикот и идентитетот нема да се дискутира и дека апсурдно е да се тврди оти македонската историја пред 1945 година била исклучиво бугарска.

Изјавите на Пендаровски наидоа на остра осуда од бугарската страна, особено од бугарскиот премиер Борисов кој истакна дека претседателот на Македонија дава смели изјави во јавноста кои го продлаболуваат конфликтот.