Ау-ау-ау! Патриотизмот пак влегол во мода, а!?
Прогресивното граЏанство лелека и јачи. Одеднаш во нив проработеле силни национални чувства, та не само што фрлаат дрвја и камења против братјата Б`лгари, не само што одеднаш ЕУ да ти станала…Вавилонска, ами сега да се биде патриот да ми ти било и „ин“…. Оти порано тоа беше работа за небањатите и шовинистите!
Пази молим те, цела интелектуално-новинарска елита на „севернава“ плука против Захариева и Бугарија, а молчи и не бара одговорност од оние кои не убедуваа „уште именцето и готово“! Ајде беее! Зошто? Зошто ви е крива Захариева и Бугарите? Затоа што тие си ги бранат сопствените националните интереси, а нашиве се неспособни да го направат тоа!? Види чудо: бараме да промениме туѓа политика, а не бараме одговорност од својата!!!
Ааа, не така драги мои, не! Та вие бевте „за влез во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Преспанскиот“! И сега наместо со тој анти-ЕУ сентимент да си ги перете гревовите, треба да си ги сносите последиците. Именцето отиде, ЕУ ја нема, а власта стоо! Како бе така?
Не, не, немојте сега дефетизам, немојте со тој очај, не! Сега со истиот позерски, идиотски оптимизам од Преспа, да ја решите и Бугарија, наместо да ја обвинувате, затоа што таа прави она што секоја нормална држава го прави – ги брани своите интереси!
Кој не гледаше дека ова е логичен след на Преспа или беше слеп, наивен и глуп, или само манипулирал со сите граѓани!
А, вие интелектуално-новинарско прогресивно граЏанство, со ова перфидно префрлање на одговорноста кон Бугарија, наместо кон вашите политичари чија политика ја протежирате, дополнително го омаловажувате вашиот народ!

Автор: Проф.д-р Трајче Стојанов