Поранешната премиерка Маја Санду (48), која победи во вториот круг на претседателските избори во неделата, ќе биде претседателка на Молдавија во следните четири години.

Таа освои 57,75 проценти, а претходниот претседател Игор Додон 42,25 проценти од гласовите.

Маја Санду има намера да побара распуштање на парламентот и распишување предвремени избори, бидејќи мнозинството во парламентот го поддржува Додон (45).

Претходниот претседател веќе објави дека ќе ја оспори победата на Маја Санда на суд затоа што смета дека изборите не биле редовни, но Централната изборна комисија тврди дека немало сериозни нерегуларности.

Маја Санду е за целосен пресврт кон Европската унија, додека Игор Додон беше за соработка и со ЕУ и со Русија, бидејќи овошјето и виното, кои се главен извоз на Молдавија, можат да се продаваат само во Руската Федерација.