И покрај актуелноста на медитацијата во последно време во западната култура, сепак многумина не го разбираат значењето на медитацијата.
Учителите по медитација препорачуваат таа да се применува 3 пати неделно, или по слободен избор односно по потреба.
Еве зошто медитацијата е „половина здравје“:
- Фокус
Поради брзината на животот често го губиме фокусот и сме дезориентирани.
Медитацијата ни помага да се сосредочиме на важни работи, да направиме селекција на приоритети и да ги определиме методите за дејствување кон целта.
- Смирување
Медитацијата помага кога сме под голем притисок и стрес. Митација во траење од неколку минути има загарантирано смирувачки ефект врз поединецот.
- Емоции
Ако сакате да ги дефинирате или пресипитате емоциите, медитацијата е одличен и проверен начин тоа да го направите.
Таа ви овозможува длабока интроспекција и запознавање со вашите состојби, што значи и увид во тоа што го чувствувате.