Следните два дена ќе има услови за врнежи од дожд, што за многумина е надеж за прекинување на условите за пожари кои изминатите денови беснееа низ Македонија.

Времето денеска:

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец.

Во попладневните и ноќните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 80 км/час) и услови за појава на град.

Услови за дожд ќе има претежно низ источниот дел на Македонија.

Времето утре:

Променливо облачно и посвежо, претпладне со локален пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Утре ќе се забележи и пад на дневните температури. Најниската дневна температура во Скопје ќе изнесува 21 степен, а максималната дневна температура ќе достигне 34 степени.

Услови за врнежи од дожд ќе има низ целата територија на Македонија.