Остроумните и интелигентните луѓе може да ги препознаете од авион.

Тие имаат карактеристики кои се типични за оваа група на луѓе, така што нема да ви е тешко од прва да процените дека станува збор за остроумен и интелигентен човек.

Остроумните и интелигентни луѓе ќе ги препознаете по:
  • Организација 

Тие имаат одлична работна организација, поради што штедат на време и енергија и се ефикасни во исполнување на работни обврски.

Почитуваат рокови и кога ќе ви кажат дека ќе исполнат некоја работна задача до одреден рок, тие тоа и ќе го сторат.

Тие се доста логични и имаат чувство за време и простор!

  • Помнење 
  • Ако го запомнат се она што сте им го кажале и го имплементираат правилно, тоа значи дека си имате работа со остроумен и интелигентен човек.

Него не треба да му повторувате неколку пати и да му цртате што и како треба да се заврши.

Тие едноставно ве сфаќаат од прва и многу побрзо учат од другите.

  • Малку зборуваат, повеќе дејствуваат

Од нив никогаш нема да слушнете ветувања дека нешто ќе завршат.

Само ја разгледуваат вашата идеја и постапуваат веднаш по неа.

Дури и идејата што им ја споделувате, тие ќе ја прошират и надоградат, поради што имаат авторски печат во работата.

  • Оригинални се 

Просто се што работат имаа некој оригинален придонес и ниту еден друг човек не може на ист начин да ја заврши таа задача.

Не се повторуваат и секогаш се трудат да се надминуваат себе си.