Најубавата, најзелената, најурбаната општина е пред еколошки колапс. Не памтам, а памтам долго и многу, кога нашата општина Аеродром била понечиста, понесредена и позапуштена од денес… И не можам бесот и нервозата да не ги искажам на ова место. И да не покажам со прст кон општинското раководство, кое е најодговорно за оваа состојба. Денес општина Аеродром е место за ѓубре. Ѓубрето живее со нас, тоа е наш сосед, роднина, нераздвоен (не)пријател. Но, драги пријатели и соседи, прстот исто така треба да си го ставиме и на сопственото чело. Бидејќи за оваа работа навистина и секој од нас е одговорен. Буквално секој.
  
Едноставно е. Како може дворот да ни е чист и редовно да ја полеваме тревата, дома на тепих да не фрламе ѓубре, а истите тие „ние“, кога ќе излеземе од нашиот праг опуштено да ја залепиме гумата за џвакање или отпушокот од цигарата веќе на првата кривина? Како е можно да бидеме аптекари дома а ѓубриња надвор од дома?
Сигурен сум дека кога би направиле анкета за тоа кој е најголемиот проблем во нашата општина, мнозинството граѓани би рекле дека тоа е ѓубрето околу нас и загадениот воздух во нас.
Во 2015-та година, во Либан, улиците на главниот град Бејрут беа преплавени со повеќе од 20 илјади револтирани демонстранти коишто истураа кеси и контејнери полни со ѓубре пред вратите на општината и пред владата. Зошто? Затоа што со години наназад општинските служби не си ја вршеа својата работа за којашто се платени. Не го собираа ѓубрето и Бејрут беше преплавен со ѓубре. Овие повеќедневни демонстрации придонесоа општинските служби да си ја фатат сериозно работата и да почнат да ги чистат улиците. Мораме ли да станеме Бејрут за да го сфатиме ова? Ќе можеме ли да изградиме доволно свест и да направиме доволно силен притисок конечно општината да си го работи она за што ја плаќаме? А и ние, од наша страна, да станеме свесни дека сето она што е надвор од нашиот мал свет во кој живееме (нашиот стан, куќа или двор) е исто така и наше и дека треба да почнеме да го доживуваме како свое, а не туѓо?

Јас имам неколку идеи како да ја подобриме состојбата на овој план, и во наредниот период ќе ги изложам на јавноста. Но за тоа ќе ни треба заеднички напор и заедничка иницијатива. Се согласувате ли?

Став на

ИЗВОРФејсбук објава
претходниот член,Џејсон Момоа мрази да „вежба“ – Еве како тој останува во форма
Следната статијаРецепт: Превкусна торта со банана и бисквити (без печење)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде