Ги прашавме жените што подразбираат под терминот „секси“ маж. На анкетата добивме интересни одговори од жени прирпаднички на различни возрасни групи.

Најрепрезентативните одговори во размки на една возрасна група ги пренесуваме во продолжение:

-Секси маж е некој што гледа многу фокусирано во жената која му се допаѓа. Едноставно има некоја искра во погледот што возбудува и покажува дека тој е страсен љубовник. (Д.А, 31)

-За мене секси маж е маж кој е секогаш среден и дотеран. На кого по изглед може да му се види внимателноста. Ако внимава на својот изглед, тој внимава и партнерката да е задоволна во сексот. (Е.Д, 46)

-Според мене, маж кој знае да се додворува џентлменски е секси маж. Бакнување на раката и подарување на црвена роза, се манири кои никогаш не излегуваат од мода. (П.А, 52)

-Секси маж ти покажува дека си негова. Едноставно те избира, те зема за рака и ти вели – моја си. Страста која ја има еден маж во покажувањето на посакување токму јас да сум негова е тоа што мене ме возбудува сексуално. (Р.К, 28)