Не е големо изненадување што за време на првото заклучување луѓето поминуваа повеќе време заглавени пред своите екрани. Минатата година, „Офком“ објави дека во април гледавме околу третина повеќе телевизија и видеa на Интернет отколку што тоа го правевме една година пред тоа.

Нетфликс и Амазон Пример неодамна објавија рекорден број на претплатници кои се пријавиле во изминатите 12 месеци, со тоа што новодојденците како Дизни + исто така привлекува голема публика.

За време на тоа прво заклучување, имав среќа да можам да работам од дома и си поставив некои ТВ-цели. Би го прегледала „Сопрано“, бидејќи го немав гледано најмалку 10 години и сакав да знам дали сè уште стои како најдобро шоу во ТВ-историјата.

Тоа го направив и многу луѓе ја имаа истата идеја како јас: тоа беше еден од најголемите хитови во 2020 година. Би го израмнила со Schitt’s Creek. Гледав и документарни филмови за да се едуцирам, почнувајќи од Кен Барнс и се погрижив барем дел од тоа што го гледав да не е на англиски јазик, затоа што е подобро да не сте на вашиот телефон кога гледате нешто исландско на пример. (Еден скрол на Инстаграм е еднакво на пропуштени неколку клучни зацртани поени.).

Но, како што продолжуваа апелите за подолг престој дома, стигна и еден вид на замор од гледањето ТВ и тој тренд опадна. Како и многумина, ги имам направено големите списоци за ТВ шоуа и најдобрите претстави за 2020 година.

Првата блокада сигурно ја одложи продукцијата на некои емисии и предизвика да се направат кратења за побрзо да се пуштат во употреба. Шестата сезона на Line of Duty беше вратена назад. Mрачните материјали изгубија епизода фокусирана на Астриел од нејзината одлична втора сезона. Шестиот дел од Peaky Blinders беше стопиран и беше најавено дека тоа ќе биде последната сезона од таа серија.

Иако можеби ќе треба подолго време за големите блокбастери да се спуштат низ цевката, на патот има нова телевизија – Line of Duty сега е во расплет, а последната серија на Peaky Blinders го продолжи производството. Дури и на почетокот, креаторите на програмите покажаа дека се снаодливи, севкупно, прилагодувајќи се на своите нови околности.

Talking Heads беше направена на снимањето на EastEnders со актери кои сами се шминкаа поради недостаток на костимографи и шминкери; Големиот британски Bake Off се сними со создавање меур за презентерите, натпреварувачите и екипажот. Телевизијата базирана на зум е милостиво ограничена, но она што се појави е во голема мера пристојно.

Не мислам дека наскоро ќе останеме без нова телевизија; тоа само може да биде случај на задоцнето задоволување. И, да бидеме реални, има премногу избор на тв за секој да гледа, дури и во пообични времиња. Ако секое шоу едноставно престанеше со производство, сè уште ќе имаше децении вредни претстави за работа.

Една група пресметки проценува дека ќе бидат потребни четири години, без спиење, да се „комплетира“ библиотеката со ТВ и филмови на Нетфликс. Дури и во ова време и новиот начин на пандемиски живот, тоа е песимистичка обврска.

Веќе не е новина да имате време да ја гледате серијата што некогаш ви лебдеше во задниот дел на умот како можност, само да имавте резервни пет минути. И, ако ви се чини дека веќе нема врв на содржините кои се емитуваат на ТВ, тогаш излезете од вашата удобна зона.

Автор: Ребека Николсон за „Гардијан“