Веганите може да консумираат доволно растителни протеини, но односот на аминокиселини во нив не е толку погоден за ресорпција како односот на аминокиселини во животински протеини.

Истражувачите од Универзитетот во Оксфорд откриле дека веганите имаат 43% поголем ризик за фрактури на коските на кое било место во телото, како и зголемен ризик за фрактури во одредени области, како што е колкот.

Делумно, овој резултат може да се објасни со намален внес на протеини и калциум кај веганите, но дури и кога овие фактори ќе бидат земени во предвид, ризикот од фрактури останува поголем кај нив.

Ова може да биде поврзано со биорасположивоста на овие клучни хранливи материи за коските. На пример, веганите добиваат доволно калциум, но многу растителни извори на калциум, како што е спанаќот, не се толку биорасположиви како млекото и млечните производи. Друг пример е квалитетот на протеините: веганите можеби добиваат доволно растителни протеини, но односот на аминокиселини во нив не е толку погоден за ресорпција како односот на аминокиселини во животински протеини, велат научниците.

person in gray long sleeve shirt holding black tablet computer