Програмата на Светската здравствена организација за фармацевтски компании, наменета за доброволно споделување на знаења и технологии за борба против КОВИД-19, никој не ја спроведе досега во последните осум месеци од основањето, дознава британски Гардијан.

Заедничката база на податоци наречена „Ц-Тап“ беше лансирана во мај минатата година, со цел да се олесни размената на информации заштитени од патент за борба против вирусот, вклучително и дијагностика, терапија и податоци за тестови.

Споделувањето информации ќе им овозможи на квалификуваните производители од целиот свет да создадат критична опрема, лекови или вакцини без страв од гонење за кршење на патентите.

Целта беше да се намалат трошоците за производство, да се ублажи глобалниот недостиг на клучни лекови и технологија и, според поборниците на системот, да се стави крај на пандемијата што е можно поскоро.

Во последните месеци се одржуваа разни консултации со цел да се убедат фармацевтските компании да го споделат своето знаење, но од јануари не се разменети никакви технологии или антивирусни третмани, потврди портпаролот на Светската здравствена организација за Гардијан.

Ц-Тап е иновативна иницијатива и има потенцијал на среден и на долг рок, но од самиот почеток бевме свесни дека ќе треба повеќе напор и подолга временска рамка за да се соберат различни засегнати страни, рече портпаролот на СЗО

Чарлс Гор, извршен директор на Фондот за патенти за лекови (МПП), рече дека недостатокот на ангажман е симбол на широко распространетиот неуспех во справувањето со пандемијата на глобално ниво.

Не постои начин на размислување – ајде да го направиме заедно, но победи менталитетот – Јас ќе бидам првиот, рече Гор.

Тој исто така рече дека фармацевтската индустрија го следи примерот на државите, кои се обидоа да склучат свои договори за вакцини, технологија и третмани, наместо да приоритет дадат предност на глобалната дистрибуција.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејсус, предупреди дека светот е на работ на „катастрофален морален неуспех“ во дистрибуцијата на вакцините, бидејќи претежно богатите земји акумулираат голем дел од залихите што ќе бидат произведени во 2021 година.