Анонимните анкети се одлични да дознавање на вистината поврзана со теми кои не се баш прифатени за отворена комуникација.

Една од нив е сексот, кој во нашето општество е се уште табу. Со цел да дознаеме што мислат жените за сексот и да им зададеме домашна задача на мажите, ја спроведовме оваа анкета.

Добивме интересни одговори, а ги пренесуваме во целина:

Незаборавен секс ми е сексот со мојот сегашен сопруг. Уште првото искуство ми беше позитивно со него и од тогаш реков, ќе спијам само со него до крајот на животот. Помеѓу нас има некоја хемија, тој е многу внимателен и се труди да сум секогаш опуштена и задоволна. (М.С, 30)

Најдобар секс во живтот ми бил на едно патување. Се договоривме со дечкото да имаме кратка авантура. Поминавме преубави ноќи заедно, но за жал моравме да се разделиме. Живееме на сосема различни дестинации и немаше смисла да почнуваме сериозна врска. И ден денеска се присетувам на тоа искуство, особено кога мастурбирам. (А.Б, 31)

Обично немам некое врежано сеќавање од моите сексуални искуства. Тоа веројатно говори дека се уште не сум го нашла она што ме измрдува од рамнотежа. Се уште го чекам својот идеален партнер. (М.К, 27)

Повозрасните мажи се многу подобри во сексот од младите. Младите се некако себични, сакаат само тие да дојдат до оргазам. Поискусните мажи знаат како жените да ги донесат до совршенство. Незаборавен секс ми е со господин кој е 10тина години постар од мене. Но не планирав ништо сериозно со него, бевме само партнери за секс. (Д.А, 34)