На поранешната специјална обвинителка и било дозволено да прослави со семејството во Гевгелија. Оваа привилегија ја добила бидејќи според законот и следи викенд доколку одлежала 1/3 од казната.

Пресметано со деновите од домашен притвор таа ја исполнува оваа законска одредба од казната која и беше пресудена за случајот „Рекет“.

Со молба побарале слободен викенд од 31 декемеври во времетраење од 3 ноќи и 4 дена.

Според адвокатите, ова е прво нејзино излегување по 5 месеци, кога од домашен притвор беше спроведена во затворот Идризово.

Адвокатката Ирена Фрчковска изјавила дека Јанева, користи привилегии поради тоа што одлежала 1/3 од казната затвор за случајот „Рекет“ во кој беше осудена на седум години затвор поради злоупотреба на службената положба и овластување.
Јанева утре го завршува викендот и се враќа назад во затворот.

Пресудата за „Рекет“ е на вонредно преиспитување во највисокиот суд.

Во „Рекет“ осудени беа и Бојан Јовановски-Боки13 на казна затвор од девет години и Зоран Милевски-Кичеец на казна затвор од три години.