дома прашуваме други Брегзит и пандемијата имаат голем придонес за развој на економијата во земјите...

Брегзит и пандемијата имаат голем придонес за развој на економијата во земјите од Западен Балкан

Велика Британија по Брегзит, има интерес за соработка со компании од други пазари освен ЕУ, како на пример со земјите од Западен Балкан, - е заклучокот на Лендсман изнесен на Балкански безбедносен форум

790
0

Претстојниот „Брегзит“ и глобалната пандемијa претставуваат шок за европските економии, но во економска смисла тие можат да претставуваат и шанса за македонската економија, изјави поранешниот дипломат и претседател на глобалната стратегија на Церебра, Дејвид Ландсман.

На воведната сесија на четвртиот ден на Балканскиот безбедносен форум, тој изјави дека тие шанси може да се искористат доколку земјите од Западен Балкан продолжат да се отвораат пред меѓународниот бизнис и да спроведуваат структурни реформи, кои вклучуваат зајакнување на владеењето на правото.

Лендсман, кој е и шеф на британско-српската стопанска комора, изјавува дека Србија и другите земји од Зпаден Балкан, вклучително и Македонија, драстично се променила во изминатите години.

А, светот е многу поинакво место од тогаш … Технологијата и услужниот сектор напредуваа драматично и (дополнително) го поврзаа светот …“ Растечкиот интерес за соработка меѓу компаниите од Велика Британија, Брегзит и други околности придонесоа Британија да се фокусира на пазарите што ги занемаруваше досега, како што е Западен Балкан, рече Лендсман.

Актуелната криза во короната, за која Ландсман вели дека не знаеме колку долго ќе трае, покажа дека најразвиените земји имале најмалку толеранција за кризата, поради што потрошиле „големи количини пари за да го компензираат економскиот шок“.

Од друга страна, додава тој, глобалната пандемија ќе биде шанса за Западен Балкан и регионот треба да ја гледа европската интеграција како шанса за вистински напредок, а не како процес само на „штиклирање на реформите“.

Ако гледате (на процесот на евроинтеграција) како политичка игра, нема да напредувате. Ако во тоа гледате можност да бидете попросперитетно и побезбедно општество, тогаш сте на вистинскиот пат … Не можете да бидете интегрирани во ЕУ, ако не сте интегрирани со соседите. секогаш сакаат интеграција на Западен Балкан, рече Ландсман.

Извор: Novaekonomija.rs