Фудбалот долго време се сметаше за спорт во кој доминираат мажите, но во последните децении женскиот фудбал доживува значителен развој и добива сè поголемо внимание на глобално и локално ниво. Сè повеќе девојчиња и жени избираат да тренираат и професионално да се занимаваат со овој спорт, рушејќи ги стереотипите и отворајќи нови можности за идните генерации.
Во ова издание на „Мој збор“ разговараме за предизвиците и можностите со кои се соочуваат девојките во фудбалот, за нивната мотивација, спортскиот развој и за местото на жените во спорт кој долго време бил перцепиран како исклучиво машки.
Гостинки во емисијата се Лана и Лара Спасовски, фудбалерки кои преку своето искуство ќе зборуваат за љубовта кон фудбалот, тренинзите, натпреварите и за тоа како изгледа патот на младите девојки кои сакаат да изградат кариера во овој спорт.


















