За некои, флертувањето со смс е неверство, додека полибералните луѓе го сметаат сексот само за изневерување. Статистиката покажува дека она што го сметаме за предавство зависи и од полот.
Студијата на BBC Radio 5 Live собра интересни податоци од 2.066 Британци на темата што претставува измама за нив.
Најшокантен податок е дека само половина од анкетираните мажи веруваат дека бакнежот е изневерување, додека истото мислење го делат дури 73 отсто од жените.
Меѓутоа, кога станува збор за сексот, мислењата на претставниците на двата пола биле слични – 94 отсто од жените го доживуваат сексот како изневерување, а само 89 отсто од мажите го делат истото мислење.
Неодамна, компанијата Супердраг, која го спроведе своето истражување на група од 2.000 Американци и Европејци, исто така одлучи да дознае повеќе за неверството.
Резултатите од оваа студија се нешто пооптимистички – бакнежот е измама за 88,5 отсто од жените и 80,7 отсто од мажите.
Супердраг, исто така, испитуваше како луѓето ги перцепираат другите форми на измама.
70,8 отсто од жените и 62,7 отсто од мажите велат дека и гушкањето е изневерување.
52,6 отсто од жените веруваат дека држењето за рака е изневерување, а 46,4 отсто од мажите го делат истото мислење.
Најголемите разлики се гледаат во прашањето за зближување со некого на емоционално ниво: дури 70,8 отсто од жените веруваат дека тоа е измама и предавство, наспроти 46,4 отсто од мажите.
Во врска со горенаведените податоци, имаме еден совет – ако не знаете дали вие и вашиот партнер имате слична идеја за тоа што е неверство, тогаш само треба да разговарате за тоа.