Добрите шефови не менуваат на подобро. Тие во нас гледаат повеќе отколку што гледаме самите ние и ни помагаат да го научиме и видиме тоа. Тие сонуваат големи соништа и ни ги покажуваат големите нешта кои можеме да ги постигнеме.

Поговорката која е наведена во насловот многу често се користи како израз за објаснување на некои ситуации во кои добар и вреден работник дава отказ од компанијата каде работи. Порталот BIZLife.rs пишува дека постојат и податоци кои го поткрепуваат ова тврдење.

Според податоците од едно истражување, 61 % од оние кои работат за лоши шефови рекле дека бараат друга работа, додека само 27 % од оние кои работат за добри шефови размислуваат за алтернатива кога е во прашање работата.

А еве и еден интересен податок: 65 % од луѓето кои имаат лоши шефови рекле дека понекогаш погрешно ја претставиле вистината за работата, во споредба со вработените кои имаат добар шеф, чија бројка е 19 %. Ова значи дека добрите шефови го вадат најдоброто од вработените додека лошите шефови го вадат најлошото.

Добрите шефови не менуваат на подобро. Тие во нас гледаат повеќе отколку што гледаме самите ние и ни помагаат да го научиме и видиме тоа. Тие сонуваат големи соништа и ни ги покажуваат големите нешта кои можеме да ги постигнеме.

Добриот шеф е човек кој не е загрижен за својата кариера, туку за кариерата на оние кои работат за него, велел директорот на енергетскиот гигант Shell, Хенри Стуарт Мекензи Бурнс.

Да се биде добар шеф навистина има вистинска вредност, но како ќе знаете дека работите за добар шеф или дали вие сте добар шеф. BIZLife дава неколку карактеристики кои ги имаат добрите шефови, додека лошите со нив „мака мачат“.

Добриот шеф споделува информации

Дали некогаш сте работеле за работодавач кој не споделува информации со вас? Се чини дека некои шефови мислат дека со секоја споделена информација се намалува нивната моќ и авторитет.

Во суштина е спротивно: добриот шеф знае дека споделувањето на информации ги засилува вработените.

Добриот шеф размислува многу додека вработува

Лошите шефови не се „замараат“ толку, да вработат лице поради добрите референци, не испитувајќи за каква личност станува збор, бидејќи само сакаат работата да биде завршена. Добрите работодавачи мислат на целиот тим.

Тие сфаќаат дека нивните сегашни вработени мораат да работат со новите вработени секој ден, па со самото тоа бараат некој кој холистички ќе го потполни тимот, наместо да го пополни изразениот јаз во вештини.

Добриот шеф бара и слави победи

Добрите работодавачи немаат „Зошто би те фалел кога само ја работиш работата“ став. Тие бараат причина да ги пофалат своите вработени, како приватно, така и јавно, и одвојуваат време да прослават некој успех, наместо само да ги тераат сите на следниот проект или рок.

Тие сфаќаат дека добивањето на плата не ја поништува потребата да се чувствувате ценето.

Добриот шеф го почитува вашето време

Добрите шефови не остваат впечаток дека нивното време е повредно од вашето. Не ве тераат да чекате на веќе задоцнети состаноци.

Се појавуваат подготвени и веднаш преоѓаат на главното без да се обидат да ве имресионираат. Добрите шефови не се забавуваат на ваша сметка, оставајќи ве да чекате до доцна, што на вработените им предизвикува стрес.

Добриот шеф е полн со емпатија

Лошите шефови ги гледаат своите вработени многу површно. Ако нивните вработени работат одлично, тие се добри; ако работат лошо, тие се лоши. Од друга страна, добрите шефови ги гледаат вработените од поинаков агол.

Тие се во состојба да влезат под кожата на вработените и да ги гледаат работите од нивна перспектива. Тоа не значи дека зборуваат работи како: „Ох, извини што имаш лош ден; не грижи се за рокот“, но тоа не значи дека не препознаваат дека нивните вработени се луѓе и дека ги третираат како такви.

Добриот шеф е одговорен

Лошите шефови брзо го вперуваат прстот кога нешто ќе тргне наопаку. Тие ги фрлаат своите вработни „под автобус“ без размислување. Добрите шефови сфаќаат дека голем дел од нивната работа се однесува на одговорноста за учинокот на тимот.

Знаат дека само тоа оди со прифаќањето на менаџерската улога. Тоа не значи дека тие пружаат повратна информација кога нешто оди лошо, но значи дека јавно ја преземаат вината. Дури и приватно, неуспехот на тимот го гледаат како свој неуспех, бидејќи тие се лидери, притоа брзо делуваат за да го поправат тој неуспех.

Одличниот шеф вели БЛАГОДАРАМ

Лошите шефови мислат дека работата којашто ја работат нивните вработени е нешто што им го должат. На крајот на краевите, тие добиваат плата, зарем не?

Тоа е точно – но добрите шефови на минатиот труд гледаат како на трансакциси однос и сфаќаат дека луѓето вложуваат голем дел од себе во работата која ја извршуваат. Велат благодарам, дури и ако е тоа „само дел од работата“.

Добриот шеф не заборава дека луѓето имаат живот и вон работата

Лошите шефови имаат тенеденција луѓето да ги гледаат еднодимензионално: се појавуваат и ја завршуваат работата, а шефот не мора повторно да се грижи за нив следниот ден. Добрите шефови, од друга страна, никогаш не забораваат дека работата е само еден аспект од животот на вработениот.

Никогаш не забораваат дека има семејство, пријатели, хобија и други интереси и обврски вон работното време и не ги нарушуваат нивните „реални“ животи. Не бараат од нив да работат до доцна, без добра причина, а кога имаат причина, признаваат дека бараат жртва и во согласност со тоа ја изразуваат својата благодарност.