Како жените ги замислуваат мажите – љубовници? Постои ли еден универзален тип на идеален љубовник или индивидуалните афинитети го дефинираат карактерот на идеален љубовник? Што жените очекуваат во кревет? Се прашањата кои ги поставивме до жените, а во прилог ви ги издвојуваме најинтересните одговори.
-За мене идеален партнер е верен партнер. Едноставно не сакам својот партнер да го делам со никого. Партнер кој е верен, за мене е привлечен партнер. (Д.А, 46)
-Според мене, партнер кој се труди да ми угоди е идеален партнер. Едноставно ми значи кога ќе видам дека тој се труди да ме задоволи, дури и да не успее океј е. (Е.А, 34)
– Идеален љубовник не е само оној што е добар во кревет, туку и оној што е добар партнер по секоја основа. За мене привлечен маж е маж кој ме почитува мене, моите пријатели, моето семејство и е добар татко на моите деца. (К.Т, 29)
-Добар љубовник е оној што ја сака својата жена и сака да ја гледа среќна и задоволна пред се. ТОЧКА. (Р.Б, 31)
-За мене е важно да е згоден, да е нежен, внимателен и да имаме интимен однос пред сексот и после сексот. (К.И, 48)
-Ако партнерот не ме почитува доволно во другите сфери, не би сакала ни да ми легнува во кревет. (С.К , 42)