Компромисите се составен дел од секојдневната меѓучовечка комуникација. Буквално секој ден правиме компромиси со луѓето што не опкружуваат – без разлика дали се членови на семејството, домаќинството, колегите на работа или случајните минувачи. Но колку и да се потребни и неизбежни компромисите тие можат да ја оптоварат вашата индивидуалност, идентитет и интегритет. 

Затоа вистинското прашање не е со кого треба а со кого не да правите компромиси туку до кога се прават компромиси. Ќе ви дадеме неколку насоки како да препознаете дека е вистинско време да одлучите дека е време да кажете доста на правањето компромиси.

Во моментот кога ќе почувствувате дека поради компромисот сте се смениле драстично и таа промена не ви одговата 

Ако сте направиле компромиси многу пати, што постепено придонесува кон менување целосно на навиките, стилот на живот, а со тоа и печатот на една личност, време е да размислите дали навистина сакате да продолжите да живеете под маската на компромисот која ја гуши вашата вистинска личност.

Ако сте ведра и социјална личност, која со денови не излегува од дома поради почит кон партнерот, тогаш работите отишле предалеку и таа жртва никому не му е потребна.

Немате право да барате компромиси од другите луѓе 

Луѓето или може или не може да функционираат заедно. На пример ако пиете слатко кафе, а колегата на работа пие кафе без шеќер, немате право од него да барате да пие слатко кафе само поради тоа што вие додавате засладувач.

Пијте кафе со оној човек кој сака да пие слатко кафе и во тој случај избегнувате компромиси.

Едноставно некои луѓе може да функционираат заедно со леснотија, додека кај други луѓе секојдневно се работи на поправање на некој однос кој суштински не е предодреден да опстане, па се чувствувате како да сте дел од некој експеримент за мачење на луѓе.

Ви станува се едно

Некои работи ќе ги проголтате, надевајќи се дека уште една шанса на односот можеби ќе смени нешто суштински. Но доаѓа период кога се презаситувате и ви станува се едно.

Сите работи на кои сте се надевале дека ќе се променат, веќе не ви е важно дали тие ќе се променат, ги прифаќате и едноставно се предавате од борбата.

Порано или подоцна, ќе заминете и од теренот за борба, бидејќи веќе знаете дека немате што да барате таму.

Мислите дека заслужувате или можете многу повеќе 

Ако сметате дека прифаќате работи кои не се за вас и можете многу повеќе, тргнете во потрага кон подоброто.

Подобро е да ризикувате и да изгубите, одошто да бидете во однос за кој ќе се каете по некое време. А времето е единствената работа која не се враќа и животот нема пауза.