За да се претстават како поинтелигентни пред општеството, повеќе од 60 проценти од луѓето тврдат дека читале одредени книги. Истражувачки тим анкетирал околу 2.000 Англичани за тактиките што ги користат за да им изгледаат попаметни на другите и дошол до интересни резултати.

Дури 42 отсто од луѓето се потпираат на телевизиски адаптации или заплети и скратени верзии на книги кои можат да се најдат на Интернет кога зборуваат за дело што не го прочитале.

Половина од возрасните учесници во истражувањето признале дека не читале најмногу од книгите на нивните полици, додека три отсто луѓе кријат какви книги и списанија навистина читаат.

Најчесто тоа се следниве наслови:

  • „1984“, Џорџ Орвел
  • „Војна и мир“, Лав Толстој
  • „Ана Каренина“, Лав Толстој
  • „Големите очекувања“, Чарлс Дикенс
  • „Ловец во ‘ржта“, Селинџер
  • „Патување во Индија“, Форестер
  • „Господарот на прстените“, Толкин
  • „Да се ​​убие птица подбивница“, Харпер Ли
  • „Злосторство и казна“, Достоевски
  • „Гордост и предрасуди“, Џејн Остин
  • „Џејн Ер“, од Шарлот Бронте
    Често тоа се „Библија“, „Одисеја“, „Оркански височини“ и „Дневникот на Ана Франк“.

Зошто овие конкретни книги се на списокот и каква корист добиваме од тврдењето дека сме читале дела што никогаш не сме ги ни отвориле?

Одговорот е едноставен: ова се класици, сложени и обемни книги кои ви дозволуваат да се истакнете во општеството или да се вклопите во интелектуалните кругови.