дома информација вест Ќе се урива дивоградбата кај Мавровка

Ќе се урива дивоградбата кај Мавровка

862
0

Владата на својата прва седница одржана денеска донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени.

Овој ангажман се подготвува за уривање и демонтирање на бесправно изградениот објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

– Во рамките на оваа одлука Владата им препорачува на Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски да склучат Договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти – напиша Заев.

Извор: Нова Македонија