Советниците Игор Јанушев и Никола Мицевски, во името на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, поднесоа тужби до Управниот суд за верификација на мандатите на осум нови пратеници кои дојдоа на местата на пратениците од власта кои заминаа во Владата.


Според Јанушев, кој по излегувањето од Управниот суд даде изјава за медиумите, верификацијата на мандатите е спротивна на Деловникот и на собраниска комисија која уште не формирана.

Овие пратеници ги заменија местата на други 8 на кои им беше верификуван пратенички мандат но по формирање на влада тие добија министерски места.

Реакции за начинот на кој беа избрани осумте нови пратеници во рамки на пратеничката група на СДСМ имаше од опозицијата, но и од експертите по право.

Извор: Нова Македонија