Гордана Јанкуловска е незаконски спроведена во затвор – тврди нејзината адвокатка Сања Алексиќ која смета дека на екс министерката за внатрешни, и е ускратено законското право на одлагање на изречената казна.

Полицајците и дошле на врата на неколку минути откако и пристигнала одлуката од Врховен суд и веднаш ја спровеле во затворска ќелија.

Адвокатката Алексиќ не откри дали поранешната министерка би барала одложување за издржување на затворската казна.

Вели дека на Јанкуловска не и пристигнал друг упатен акт од судот, освен тој од пред две години кога и беше одобрено на одреден период да не оди во затвор поради нејзиното мало бебе.

Извор: Канал 5

претходниот член,Што моментално се случува со Михаел Шумахер? – Чудни детали поврзани со неговото опоравување
Следната статијаФејсбук има нова платформа за обука на вештачка интелигенција

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде