Продолжуваат реформите во одбранбениот сектор, со стабилно финансирање на одбраната и достигнување на два проценти од БДП за одбранбениот буџет до 2024 преку пораст за 0,2 проценти од БДП секоја година.

Понатамошен пораст на платите, но и зголемување на борбената готовност и интероперабилност на Армијата и нејзина сериозна модернизaција, особено земајќи ги предвид новите безбедносни предизвици.

Развој на Лесната пешадиска баталјонска група лоцирана во гарнизонот во Штип со фокус на обуката и опремувањето, продолжување на отпочнатиот проект за набавка на оклопни транспортери на тркала, сајбер одбрана, воведување на воено воздухопловство од западно производство, набавка на лична заштитна опрема за припадниците на Армијата, за набавка на системи за против-воздушна одбрана.

Освен реформи во одбраната, владата во НАТО членството гледа и подобрување на бизнис климата во Македонија и привлекување на нови инвеститори за кои мирот и безбедноста во земјата каде што инвестираат е основен услов, а се гарантира со членството во НАТО.

Она што е проблематично во најавата за зголемување на буџетот за 0,2% секоја година за АРМ е во тоа што на тој начин одбранбениот сектор ќе има многу повеќе буџет на располагање додека малку се инвестира во образованието и науката.

Извор: Сител