Актуелниот и идниот министер за здравство Венко Филипче, најави дека Македонија навремено ќе има пристап до вакцина за КОВИД19.

Вакцината ќе се примени за 20% од населението и тоа за хронично болните и стари лица кои спаѓаат во ризична категорија.

Засега е извесно дека Македонија нема да аплицира за руската вакцина.

Најверојатно се очекува британската вакцина да се доведе во завршна фаза и таа ќе биде вакцината која ќе се користи во Македонија.

Најверојатно вештачкото имунизирање ќе биде на доброволна база и селективно, односно само за население кое има ризик од компликации при заболување со КОВИД19.

Извор: МИА

претходниот член,Зборувајте малку, но директно: Која е сестрата на Ким Јонг Ун, која би можела да го заземе местото на лидерот на Северна Кореја?
Следната статијаГрчкиот суд го осуди фудбалерот на Манчестер Јунајтед на 21 месеци затвор, но тој нема да ја отслужи казната