дома информација вест Трамп се налутил на својот соработник затоа што открил за медиуми дека...

Трамп се налутил на својот соработник затоа што открил за медиуми дека тој е во критична здравствена состојба

406
0

Американскиот претседател Доналд Трамп е многу лут на началникот на Генералштабот на Белата куќа Марк Медоус затоа што ги поби тврдењата на медицинскиот тим на Белата куќа за неговата здравствена состојба.

Како што дознава Си-Ен-Ен од двајца информирани извори, Марк Медоус е опишан како „доверлив анонимен извор во Белата куќа“, кој во неформален разговор со новинарите изразил проценки за здравјето на Трамп, кои се разликуваат од оние што ги добиваат официјално медиумите од воен лекар – Шон Конли.

Во саботата, Медоус неформално изјави пред група новинари дека во последните 24 часа здравствената состојба на претседателот Трамп и неговите витални функции се причина за загриженост и дека следните 48 часа ќе бидат критични за неговото закрепнување.

На вчерашната прес-конференција за медиуми тимот од лекари на Трамп откри дека тој се чувствува подобро, но дека има чести осцилации во нивото на кислород во организам.

Извор: CNN