Словенија ги отвори границите за македонските државјани кои ќе имаат потврда за негативен ПЦР тест на корона вирусот.

Како што објави словенечката амбасада во земјата, тестот треба да биде направен во референтни лаборатории во државите, а во Македонија тоа е Институтот за јавно здравје во Скопје.

Услов за влез на македонски државјани во Словенија е потврда за негативен ПЦР тест

Македонија е една од земјите кои Словенија ја тргна од т.н црна листа и дозволи влез преку словенечките граници.

Во соопштението се додава дека важи и исклучокот без тест и карантин за влез во земјата, само со цел одржување контакт со потесни членови на семејството, а лицето се враќа во рок од 72 часа, како и за преминување на границата на деца под 14 години само доколку патуваат со потесен член на семејство кој приложил негативен тест.

претходниот член,Корона вирус пронајден и во примероци од езерска вода – Зголемен ризик за пренесување на вирусот и преку пивка вода
Следната статијаЕпидемијата ќе ги затвори продавниците за трговија на мало и ќе ги замени со онлајн купување

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде