Во Русија прво почнаа да се произведуваат вакцини против КОВИД19 чии дози наскоро ќе бидат достапни за лекарите и просветните дејници.

Освен ваквините, руските научници дојдоа и до лек кој ги ублажува последиците од корона вирусот кај заболените.

Благодарение на тој лек досега биле излечени 700.000 пациенти, а инаку лекот е патентиран и вообичаено се користи за лекување на гастритис или заболувања на панкреас.

СЗО реагираше жестоко на работата на руските научници тврдејќи дека ниту една влада нема право да ги национализира медицинските откритија и да ги користи исклучиво за свои цели.

Некои овој гест на СЗО го толкуваат како предвидување на закана од страна на националните институти кои дојдоа до значајни откритија за КОВИД19 додека СЗО се уште тапка во место.