Дозволите, мили мои, да ви се обратам со едно кратко слово, заради славата и честа на овој ден. Денес светата Црква Божја го слави сечесниот спомен на корифејот помеѓу пророците, Патронот на оваа света и славна Обител, великиот Јован Претеча и Крстител.

Веќе четврт век сме сведоци како тој, гласот на оној, што вика во пустината (Матеј 3,3), и во нашево време повикува со истата моќ и со истата привлечност, како што повикувал и пред две илјади години во пустината крај Јордан. А неговата порака тогаш била сосема јасна и останува таква и до денес. Неговата света и од пост истоштена рака, и сега како и во тоа време, покажува кон Христа, а неговиот трепетен глас на сиот свет триумфално му возвестува: Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе! (Јован 1,29)

Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски

Целиот текст можете да го прочитате тука :


https://bigorski.org.mk/slova/arhimandrit-partenij/pretecheviot-glas-i-denes-od-radika-povikuva/

претходниот член,Дигиталните номади се залагаат за нова виза за работа во Бали
Следната статијаПовторно катастрофа во Бејрут

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде