дома информација вест Руска новинарска се самозапалила откако Руската Федерација отвори предистражна постапка против неа

Руска новинарска се самозапалила откако Руската Федерација отвори предистражна постапка против неа

40
0

Руска новинарка почина откако се запали пред локалниот огранок на Министерството за внатрешни работи во градот Нижни Новгород, еден ден откако полицијата го претресе нејзиниот стан.

Пред нејзиното самозапалување, Ирина Славина на својата Фејсбук страница напиша: „Ве замолувам да ја обвинете Руската Федерација за мојата смрт“.

Славина работеше како главен уредник во „Коза Прес“, мал локален медиум кој се рекламираше како „без цензура, без наредби – од горе “.

Еден ден пред нејзината смрт, таа напиша на Фејсбук дека полицајци и истражители извршиле претрес во нејзиниот стан и дека тие бараат „брошури, летоци и сметки“ од опозициската група Отворена Русија, која е финансирана од критичарот на Кремљ, Михаил Ходорковски.

Таа рече дека заплениле тетратки, лаптоп и друга електроника, како и лаптопот на нејзината ќерка и мобилниот телефон на нејзиниот сопруг.

Истражниот комитет на Русија соопшти дека отвора прелиминарна истрага откако една жена се самозапалила во Нижни Новгород, град со 1,3 милиони жители, на околу 400 километри источно од Москва. Во изјавата не беше именувана Славина.

Членовите на руското опозиција изјавија дека Славина била под притисок на властите.

Извор: Theguardian.com

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде