Најистакнатиот руски опозиционер Алексеј Наваљни пред неколку дена доживеа незгода во авион поради што неговата здравствена состојба нагло се влоши.

По испитувањето во руските болници беше констатирано дека Наваљни не бил отруен, но дека имал високо количество на алкохол во крвта и шеќер.

Сепак, семејството на Наваљни инсистираше тој да биде пратен на тестирање и лечење во Германија, по што во последните неколку дена Наваљни се лекува.

Германските лекари ќе ги завршат сите медицински наоди за причината за болеста и ќе ги објават после 24 август.

Претходните неколку денови Наваљни престојувал во Сибир со своите соработници каде што требал да сними филм за криминалите и кражбите на руските власти.

Извор: Novosti.rs