дома информација вест Работник починал во супермаркет, а неговото тело било покриено со чадори и...

Работник починал во супермаркет, а неговото тело било покриено со чадори и кутии додека продавницата продолжила да работи нормално

906
0

Телото на работникот што починал во супермаркет во Бразил било оставено на подот, покриено со чадори и опкружено со картонски кутии, додека продавницата останала отворена за деловни активности.


Инцидентот се случил во продавница во северо-источната држава Речифе на 14 август, но излезе на виделина оваа недела, поради остра критика на социјалните медиуми дека телото не е отстрането и дека продавницата не е затворена, пишува Дејли Меил.

Менаџерот за продажба Мануел Мојсеј Кавалканте (59) доживеал срцев удар додека бил на работа. Обезбедена е прва помош, но Кавалканте починаl во продавницата, се вели во соопштението на Карфур.

Компанијата направи грешка со тоа што не ја затвори продавницата веднаш по она што се случи.- беше објавено.

Откако човекот починал, Карфур изјавил дека „ги следи упатствата да не се отстрани телото од местото“.

Локалниот огранок на Француски Карфур, еден од најголемите ланци на мало во Бразил, објави дека сега ги смени упатствата, така што во иднина ќе вклучува задолжително затворање на продавницата.

Извор: Novosti.rs