Рускиот претседател Владимир Путин и српскиот претседател Александар Вучиќ во телефонски разговор денеска разговарале за решението на косовскиот проблем, објави Кремељ.

Посебно внимание се посветува на проблемот на Косово. „Вучиќ го информираше (Путин) за преговорите во Вашингтон на 7 септември 2020 година. Путин ја потврди непроменетата позиција на Русија за развој на избалансирано и компромисно решение што е прифатливо за Белград, а кое треба да го утврди Советот за безбедност на ООН“, се вели во соопштението.

Се додава дека се разговараше за актуелните теми на стратешкото партнерство меѓу Русија и Србија.

Од руска страна, како што пишува во соопштението, личниот придонес на Вучиќ во стратешкото партнерство е „високо ценет“.

„Беше потенцирана подготвеноста за понатамошна блиска соработка кога станува збор за билатералните односи, регионалните и меѓународните прашања“, се додава во соопштението.

Извор : N1 ;

претходниот член,Трчал по мушичка и ја кренал куќата во воздухот; Бизарна несреќа се случила во домот на старец во Франција.
Следната статијаОколу 140 вакцини се во ран развој, а околу дваесетина сега се тестираат на луѓе

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде