Полицијата работи на идентификување на идентитетот на пироманот кој на социјалната мрежа ТикТок се појафали како пали растенија во шума.

Од МВР велат дека добиле пријава преку сервисот „Црвено копче“ за лице кое на сервисот за споделување на видеа ТикТок се снима додека врши палење на јавни површини.

Лицето кое со својата постапка ја згрози јавноста наиде на многу реакции пред се на реакции на осуда.

Тој освен тоа што го направил кривичното делото, снимал видео и го објавил на мрежата за споделување „Тик Ток“.

Од оддел за комјутерски криминал и форензички истраги активно работат на утврдување на идентитетот на сторителот.

Извор: Сител