Во Србија е започната предизборна кампања, партијата на Александар Вучиќ, “Српска напредна странка” објави видео кој бргу се прошири на социјалните мрежи и стана апсолутен хит.

Пораката на видеото е „Србија сега е два часа поблиску до Македонија, Бугарија и Грција. САГАПО!“(“сагапо” во превод од грчи е: “те сакам”).

Спотот е насловен како „Викенд во Грција? Да, возможно е!“, а на спотот е српско семејство кое ќе патува на викенд во Грција.

Ова е само мал дел од многуте видеа кое го насмеја балканот.

Парламентарните избори во Србија за 2020 година беа распишани за 26 Април 2020, но поради пандемијата со корона вирусот терминот е поместен на 21 Јуни 2020 година.

Извор: youtube.com