Деновиве во Минск и во некои други градови низ Белорусија се одржуваат масовни протести.

Поводот за протестот е изборите за претседател кои неодамна се одржаа, а на кои старо-новиот претседател Александар Лукрашенко ја однесе победата пред другите кандидати.

Имено повеќе од 80% од гласовите биле дадени за Лукрашенко кој го продолжува својот мандат како претседател.

Полицијата користи ласерски пушки да го сузбие движењето на демонстрантите, а на моменти се забележува и прекумерна употреба на сила.

Овие протести наликуваат на оние во Белград пред неколку дена, кога демонстранти масовни протестираа пред зградата на Собрание по повод парламентарни избори на кои убедлива победа однесе СНС предводена од Александар Вучиќ.

Извор: Канал5