дома информација вест Поради недостаток од стручен кадар, ќе бидат ангажирани за млади лекари во...

Поради недостаток од стручен кадар, ќе бидат ангажирани за млади лекари во лекување на пацинти болни од КОВИД19

916
0

Министерот за здравство Венко Филипче денеска имаше средба со младите лекари, од кои 51, од тие што добија лиценца за работа во јули, годинава, ќе бидат ангажирани на инфективните одделенија и клиники за третман на пациенти со ковид-19.

Новите лекари ќе бидат ангажирани со договор на дело со 30.000 денари месечно платена пракса на која ќе бидат обучувани за работа со пациенти заболени со КОВИД19.

– Поголем дел од младите лекари, односно 51, од тие што добија лиценца за работа во јули, годинава, веќе се пријавени за вработување во инфективните одделенија и клиники за третман на пациенти со ковид-19, а паралелно со тоа веќе е обезбеден буџет за нивно ангажирање во здравствените установи. Работата во траење од шест месеци се спроведува во јавните здравствени установи, како што се здравствени домови и општи болници со проширена дејност, што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа – истакнува министерот Филипче.

На средбата беше посочено дека младите лекари веќе ја гледаат својата иднина во јавното здравство во нашата земја и активно учествуваат во креирањето на здравствените политики.

Извор: Нова Македонија