Поскапува струјата за 7,4 отсто, а броењето по новата тарифа ќе започне од септември, соопшти, првиот човек на регулаторната комисија.

Според него поскапување побарале сите електро енергентски компании, пред се поради ударот кој го зададе коронавирусот. Според регулаторна компаниите инсистирале да се укине евтината струја, но на задоволство на граѓаните, тоа не било прифатено и таа ќе остане во досегашните термини.

Ова одлука на регулаторната комисија наиде на различни реакции, особено на неприфаќање на одлуката.

Граѓаните, НВО и други политички и јавни фигури имаа жестоки реакции на одлуката за поскапување на струјата, особено бидејќи епидемијата предизвикана со корона вирусот донесе длабоки економски кризи во општеството.

Економските кризи го менуваат начинот и стилот на живот, намалувајќи го и квалитетот на живот. Поскапувањето на струјата дополнително ќе придонесе за намалување на квалитетот на животот на граѓаните во Македонија – е генералната констатација на граѓаните кои имаа бурни реакции на одлуката за посакупавање на струјата.

Извор: Канал5