Денеска во Аја Софија во Истанбул, ќе биде одржано првото утринска молитва откако со декрет претседателот на Турција Ердоган објектот-музеј го претвори во џамија и покрај противењето на САД, Европа, Русија и соседска Грција.

Ниту еден логичен или веродостоен изговор не го оправдува претворањето на Аја Софија во џамија, сè што се прави е додавање на бензин во огнот на национализмот и верскиот фундаментализам, пишува Константинос Александрис, генерален секретар за јавна дипломатија, религиозни и конзуларни работи на грчкото министерство за надворешни работи.

Ова одлука на турските власти наиде на силни реакции кај светската јавност.

Аја Софија е светско културно богатство. Неколку векови се користела како катедрала во која се случувале христијанските обреди, по падот на Константинопол, Аја Софија била претворена во џамија.

Таа до неодмна имаше исклучиво музејска вредност, но од денеска почнува официјално да се користи како џамија.

Извор: Канал 5

претходниот член,Која е најголемата грешка која ја правиме во животот? Тоа што мислиме дека имаме премногу време.
Следната статијаРита Ора и Дуа Липа ја слушнаа пораката на македонски „Анонимуси“: Косово е вратено на мапа каде што припаѓа – во Србија