дома информација вест Нов Зеланд повторно го победи корона вирусот: – Која е тајната?

Нов Зеланд повторно го победи корона вирусот: – Која е тајната?

49
0

Јасинда Ардерн потврди дека епидемијата сега е под контрола, заблагодарувајќи им се на жителите кои соработуваа и кои мораа да издржат нова блокада.

Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн, во понеделникот објави укинување на мерките воведени во Окланд за борба против вториот бран на епидемијата од корона вирус, велејќи дека нејзината земја „повторно го победи вирусот“.

Нов Зеланд комплетно го запре првиот бран на корона вирус во мај благодарение на строгите мерки и таа земја забележа серија од 102 дена без новозаразени лица.

Но, новиот бран на епидемијата беше откриен во август во најголемиот град на Нов Зеланд, принудувајќи ги властите повторно да воведат строги еднонеделни мерки за целосно затворање во домовите на 1,5 милиони жители на Окланд, до почетокот на септември.

Премиерката изјави благодарност до сите грѓани кои се придржувале до мерките и соработувале со владата во борбата против вирусот и дека соработката на граѓаните со владата е формула за ставање на епидемијата под контрола.

Извор: Jutarnji.hr

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде